Здружението за заштита и едукација на деца и млади “Прогрес„ , во соработка со Град Скопје, на 26 Март 2017 година го реализираше проектот фолклорен фестивал насловен како “Сите сме исти„. Фестивалот се одржа на Школка во градскиот парк на град Скопје каде учество земаа Македонски, Турски, Српски, Албански и Ромски фолклорни танцови групи како и учениците од основното училиште Браќа Рамиз Хамид од Шуто Оризари, Скопје. .
Водени од потребата да се креира настан кој ќе има за цел да ги соедини младите и да ги доближи заедно сите етнички заедници преку културата, главни цели на здружението Прогрес за организирање на овој настан беа
- Соединување на различни култури со цел нивно зближување преку музиката и танцот
- Прифаќање на различностите во културите и традициите за отфрлање на дискриминацијата
- Креирање на соживот меѓу сите етнички заедници за подобро функционирање на општеството