Со реализација на овие проектни активности успеавме да ги зближиме децата со тоа што ќе приредиме нешто пријатно за гледање и слушање. Проектот беше подржан од Град Скопје и се вкупно беа вклучени 20 деца, ученици од различни училишта и различна етничка и верска припадност, што веруваме дека со тоа придонесовме за развој на мултикултурата и градење на меѓуетничка дружба помеѓу деца со различности. Преку ликовната колонија ги сликаа убавините на градот Скопје, преку детска перспектива која можеби за возрасните и не е толку видлива. Воедно беа поставени и дополнителни 3 штафелаи за случајни минувачи и посетители кои изразија желба да се дружат со учесниците и да нацртаат нешто на сликарските платна.Здружението Прогрес мисли дека оваа манифестацја преставува синоним за надминување на културните разлики, сликање на убавините на нашот град од една детска перспектива чија убавина можеби возрасните и не ја согледуваат.